Македонија

Пукање на булевар во Скопје – полицијата пронашла неколку чаури, пријавено повредено лице

Пукање на булевар во Скопје – полицијата пронашла неколку чаури, пријавено повредено лице

На 09.10.2022 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Д.Н.(29) од Скопје.

Претходно, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија“ се слушнале истрели од огнено оружје, по што полициски службеници излегле на местото и пронашле неколку чаури и еден неиспукан куршум.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни