Македонија

На Клиниката за Неврохирургија успешно направена операција на рбет кај млад пациент

На Клиниката за Неврохирургија успешно направена операција на рбет кај млад пациент

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека со неговите колеги на Клиниката за Неврохирургија успешно направуле операција на рбет кај млад пациент кој имаше големи здравствени проблеми и тегоби.

„Попуштањето на дискусот кај пациентот го имаше нарушено неговото секојдневно функционирање. На моите колеги кои ми асистираа им благодарам за напорната и посветена работа со која го вративме квалитетот на животот на младиот пациент“, пишува Филипче.

Тој му посака многу здравје и што побрзо опоравување на пациентот.

„Тој сега може да се врати на нормалните животни и работни обврски“, додава Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни