Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, едно лице загина – телото предадено на обдукција

На 10.10.2022 во 09.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни