Македонија

Битолчанец покажувал порнографски материјал од малолетничка – полицијата го уапси

На 11.10.2022 во 00.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Битола. Тој се сомничи дека на 10.10.2022 околу 13.30 часот во Битола прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По  целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни