Breaking Вчера во Скопје имало ураган со брзина од 134 километри на час, потврди УХМР
Македонија

Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џејн

Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џејн

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн.

На средбата стана збор за економската и енергетската криза во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објасни планот за справување со енергетската криза и потенцираше дека за разлика од власта, ВМРО-ДПМНЕ покажува државнички капацитет со план кој е одржлив, со план со кој ќе се заштедат 300 милиони евра и ќе се обезбеди доволно струја за домаќинствата и за стопанството.

Мора да се изнајдат решенија како да се помогне на граѓаните и на бизнис секторот за да се пребродат актуелните кризи во државата, појасни претседателот Мицкоски на средбата.

На средбата се зборуваше и за следните чекори на Република Македонија за интеграциите кон Европската Унија, на што претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и го прави. Меѓутоа, процесот треба да биде еднаков како за сите останати држави, а не истиот да биде процес со понижувања и асимилација на македонскиот народ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни