Македонија

ДИК усвои процедура за превенција и заштита од сексуално вознемирување на вработените

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои процедура за заштита и превенција од сексуално вознемирување, како континуитет на интегрирање на родовите аспекти во Комисијата, поддржано од ОБСЕ.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху посочи на уставните и законските можности за заштита и забрана на сексуалното вознемирување и врз основа на етничко потекло, раса итн. Шеху потецира дека ДИК е посветена на реализирани на своите стратешки цели, а една од нив е и оваа.

Три лица ќе бидат овластени да постапуваат по евентуални случаи на сексуално вознемирување.

За време на изборите со оваа процедура ќе бидат опфатени и членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори.

Самата процедура предвидува и мерки за вознемирувачите и други механизми за заштита од сексуаано вознемирување.

ДИК усвои план за кратење на своите трошоци согласно ребелансот на Буџетот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни