Претставници на Движењето против коцкање, лично му ги доставија барањата на премиерот, Зоран Заев и на министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тие се согласиле дека нивните барања се благородни и дека ќе се обидат да донесат закон со кој ќе се регулираат сите игри на среќа на територијата на Македонија. Едно од барањата на Движењето против коцкање е игрите на среќа да бидат оддалечени од населените места 3 километри.
„Мислам дека и тие се согласија дека тоа е зло кое ја зафатило цела Македонија, а не само Тетово. Ние ги доставивме барањата на Движењето против коцкање со кои е запознаена целата јавност, се согласивме дека се многу благородни барања но останува тие да одберат начин како можат да се вметнат во законот кој ќе го донесе Министерството за финансии. Се согласивме само за една точка, дека станува збор за големо зло, така да што се однесува до нашите барања, ќе се види што може да се вметне и заначинот на кој треба да се решат сите игри на среќа со законот кој ќе се донесе од Министерството за финансии“, изјави Џемал Абдиу.