Македонија

Ковачевски: Ова е прв извештај во историјата каде опозицијата е полошо оценета од Владата

Ковачевски: Ова е прв извештај во историјата каде опозицијата е полошо оценета од Владата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција информира дека еврокомесарот Оливер Вархеји претставил позитивен извештај на ЕК за Северна Македонија.

-Во сите обласи земјата има постигнато напредок во изминатата година и најважно почнавме преговори со ЕУ. Ова е прв извештај во историјата, каде опозицијата е полошо оценета од Владата. Немало таков извештај до сега. Тоа е затоа што блокадите на Собранието не се предизвикани од Владата, туку од опозицијата од чисто политички прашања. Тоа се прави во последните две години и тоа е нотирано во самиот извештај, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Тој побара од сите пратеници и политички партии заедно и обединето да се справат со предизвиците и енергетската и економската криза.

-Извештајот за идната година ќе биде уште подетален, оти ќе се работи за извештај од објаснувачкиот и билатералниот скрининг, информира Ковачевски.

Премиерот уште еднаш повтори дека верува дека можеме да бидеме дел од ЕУ до 2030 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни