Јавното Обвинителство уште при поднесувањето на обвинението за настаните во Собранието истакна дека со тоа не е затворен овој случај и дека понатаму работи на делот на утврдувањето на одговорноста на други лица мешани во овој кривично-правен настан, истакна на денешната прес-конференција државниот јавен овинител Љубомир Јовески.
Обвинителот Јовески појасни дека по преземањето на повеќе дејствија дојде до сомнение за организаторите на овој настан и сега врз основа на тие обезбедени докази, Обвинителството спроведува истрага.
Во делот за одредени настани за организиран криминал и корупција, Јовески рече дека подетално може да дадат објаснување обвинители кои се раководат со овие предмети.