Македонија

„Македонија плаќа најскапа струја во регионот“ – Мицкоски: Срамота е да имаме рестрикции на струја

„Македонија плаќа најскапа струја во регионот“ – Мицкоски: Срамота е да имаме рестрикции на струја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МРТВ порача дека ќе биде срамота доколку во Македонија има рестрикции на струја.

„Би било навистина срамота ако имаме рестрикции, бидејќи сепак во 21 век во Европа земја кандидат за членство во Европската унија во услови на вака развиена дистрибутивна преносна мрежа да има рестрикции“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека граѓаните на Македонија плаќаат и најскапа електрична енергија во регионот.

Како што вели, Македонија плаќа 89,5 или 34 евра повеќе од Косово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни