Бејта: Таравари треба да си даде оставка како Села, партијата е ослабена
Поранешниот потпретседател на ДУИ и дел од „огнената група“ во интервју за „ТВ Клан“ Невзат Бејта истакна дека в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари треба да си поднесе оставка, како што тоа го направил Зијадин Села.
На прашањето дали се плаши од Алијанса за Албанците за позициите на ДУИ во Гостивар откако градоначалникот Арбен Таравари стана и претседател на таа партија, Бејта одговори дека нема зошто да се плаши бидејќи партијата е ослабена особено по поразот во Тетово.
„Арбен Таравари требаше да си поднесе оставка, како што тоа го стори Зијадин Села. Анкетите покажуваат дека сме многу понапред од Алијансата за Албанците. Тие се слаби во повеќето региони, дури и во Гостивар се на половина од тоа што беа“, рече Бејта.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни