Претседателот на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков вели дека декларацијата со која советот на Благоевград го забранило отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ е срамота и покажува на што сè се подложени Македонците во Бугарија.
„Овие луѓе во Советот на Благоевград ако самите не се Македонци, имаат роднини и пријатели кои се. Тие знаат дека има многу Македонци во Бугарија и во Благоевград. За да излезат со таква позиција, објаснување е само дека се создава атмосферата за страв и омраза против Македонците овде“ – вели Стојков за „Слободен печат“.
Стојков додаде дека за декларацијата дознале од медиумите и сè уште не ја добиле одлуката.