Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во утринската емисија „Магазин“ на Сител рече дека фитнес-салата „од одредени“ причини е надвор од употреба во Собранието.
Вели дека таму веќе никој не вежба откако поради ковид-мерките била затворена.
„Ја користевме теретаната, поради одредени причини се уште не е отворена, иако знаеја понекогаш да ја искористат. Сега е надвор од функцијата, но и не вежбаме поради обврските кои ги имаме. Немаме многу време за спортски активности и за таков начин на живот“, рече пратеникот.
Инаку, пратениците со реконструкцијата на Собранието во 2014 година добија фитнес сала, а истата е сместена во сутеренските простории од десната страна на главниот влез.
Остварувањето на проектот за санација и надградба на Собранието чинеше повеќе од 11 милиони евра.