Балкан

Двајца загинати и тројца повредени во несреќа со балон во Кападокија

Двајца загинати и тројца повредени во несреќа со балон во Кападокија

Две лица загинаа, а три се повредени во несреќа со балон на топол воздух во регионот на Кападокија , јавија турските медиуми, цитирани од БТА.

Несреќата се случила поради ненадеен силен ветер во областа, поради што балонот многу нагло слетал.

Балонот полетал во 7 часот и 25 минути од областа Аванос. На него имало 28 туристи и екипаж од двајца.

Загинатите туристи се шпански државјани. Повредените лица, кои исто така се Шпанци, се пренесени во државната болница во градот Невшехир.

Инцидентите со балони на топол воздух не се невообичаени во Турција. Во последните десетина години имаше неколку слични инциденти со смртни случаи и десетици повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни