Македонија

Пожарникарите на терен – плинска боца опожари стан во Аеродром

Плинска боца утринава опожари стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“.

Според информации од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви.

Командантот на противпожарната бригада информираше дека е интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Пожарот е пријавен во 9.40 часот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни