Македонија

Малолетник продавал марихуана во близина на средно училиште во Тетово

На 23.10.2022 во 11.50 часот во с.Слатино од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода малолетник.

Тој се сомничи дека на 19.10.2022, во близина на средно училиште во Тетово, им продал марихуана на тројца малолетници, со што сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.   

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни