Македонија

Бугарските културни клубови донираа пакети со храна по повод Денот на македонската револуцинерна борба

Бугарските културни клубови донираа пакети со храна по повод Денот на македонската револуцинерна борба

Бугарските културни клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ по повод Денот на македонската револуцинерна борба поделија храна и основни прозиводи.

Имено, на сликите објавени на нивните Фејсбук профили може да се видат пакети со масло за јадење, тестенини, конзервирана храна како и средства за хигена.

На пакетите пак може да се забележат фотографии од Цар Борис Трети, логото на фондацијата „Бугарска Меморија“, како и логото на здружението Ванчо Михајлов.

Од таму велат дека храната ја обезбедил нивниот досегашен финансиер Милен Врабевски.

„По повод 129 години од формирањето на ВМРО, Центарот за култура „Иван Михаилов“ – Битола, Здружението Цар Борис-Охрид, со донација на д-р Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска меморија ги поддржаа семејствата во Битола и Охрид со пакети со храна“, пишуваат од бугарскиот центар Ванчо Михајлов – Битола.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни