Движење БЕСА покани интелектуалци, професионалци, граѓански активисти да се пријават за раководење на еден од 17-те сектори кои се дел од Секретаријатот на сектори на Движење БЕСА.
Од партијата велат дека овој метод за прв пат се применува од некоја политичка партија.
Оттаму додаваат дека БЕСА сведочи за политичкиот капацитет да афирмира луѓе кои не само што ќе ја критикуваат и оценуваат работата на актуелната Влада, туку преку својата визија и професионален потенцијал ќе понудат подобри решенија за проблемите со кои се соочува државата.
„Затоа, денеска пред вас го претставуваме јавниот повик на кој бараме секој кој сака да го понуди својот професионален и интелектуален капацитет во служба на подигнување на највисокото ниво на креирање политики во државата, да се пријави да води еден од 17-те ресори кои се дел на Секретаријатот на одделенијата на Движење БЕСА. Рокот на повикот е 15 дена, а сите пријави ќе ги разгледува специјална Комисија за избор на директори на сектори“, вели Арафат Шабани.