Балкан

Полицијата најави важна промена за сите што одат во Словенија

Полицијата најави важна промена за сите што одат во Словенија

Полициска управа на Вараждин издаде предупредување за сите што одат во Словенија.

„Ги информираме граѓаните дека истечените документи повеќе не се признаваат за влез на територијата на Република Словенија. Граничната полиција на Република Словенија на државјаните на Република Хрватска со изминати патни исправи не им дозволува влез во Словенија“, пишуваат од полицијата.

„Личните карти што истекоа по прогласувањето на пандемијата на 11 март 2020 година сè уште можат да се користат како валидни на територијата на Република Хрватска, најмногу 30 дена откако Република Хрватска ќе прогласи крај на епидемијата во Република Хрватска“, се додава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни