Балкан

Обвинителството во Сплит обвини Србин и Хрват за воени злосторства

Обвинителството во Сплит обвини Србин и Хрват за воени злосторства

Обвинителството во Сплит обвини еден хрватски и еден српски државјанин за воено злосторство, јави Хина.

Двајцата се обвинети дека ги прекршиле Женевските конвенции во селото Мратово на 27 јануари 1993 година, како припадници на српските паравоени единици. Според обвинението, двајцата малтретирале слеп хрватски цивил роден во 1928 година, нанесувајќи му тешки повреди пред да го застрелаат.

На обвинетите ќе им се суди во отсуство, бидејќи се надвор од дофат на хрватските власти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни