LAURENT SIMONS (12) од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе се запише на докторат. Таткото на момчето, Александар Симонс, изјавил дека неговиот син ќе се запише на докторска студија поврзана со природните науки на германскиот истражувачки институт Макс Планк.
Тој не откри детали од програмата, но рече дека таа ќе вклучува хемија, медицина и физика, а момчето поголемиот дел од времето ќе го поминува во лабораторија.
Лоран Симонс, кој го нарекуваат Малиот Ајнштајн, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а на девет години почнал да учи во Белгија. Дипломирал на 11 години, а летово на 12 ги завршил магистерските студии на Универзитетот во Антверпен.
Лоран соработуваше со група научници од Институтот Макс Планк за истражување на ласери кои откриваат рак од примероци од крв.