Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран во централна Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Потресот бил почувствуван во 7:26 часот по локално време.
Епицентарот со длабочина од 10 километри е на 64 километри источно од Римини и на 27 километри од Гано.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.