Јас од обврската за Европска унија не бегам, ниту смеам, ниту можам, ниту сакам и тоа го барам и од вас, рече премиерот Димитар Ковачевски на вечерашната трибина која се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, по повод една година од преземањето на партијата од неговиот претходник Зоран Заев.
„Политичари и политички партии кои сакаат да го попречат европскиот пат на државата, кои не сакаат државата да изгради врвни институции во кои владее правото. Нема поголем криминал од оние кои не сакаат Северна Македонија да биде дел од земјите на ЕУ во кои владее правото, социјална еднаквост, економски напредок и врвна демократија. Најголем криминал е да сака некој да ја врати својата земја, својата држава назад во 11 години заробеништво, затоа ние со нашите партнери ќе се избориме да го продолжиме нашиот пат, пат на нашата татковина кон полноправно членство на ЕУ“, рече Ковачевски.
Тој додаде дека тие кои ги заборавиле обврските кон граѓаните или не ги исполнуваат дека ќе им се заблагодари.
„Ниту имаме можност ниту смееме ниту ќе дозволиме толеранција кон неефикасност, неспособност и нечесност. Мора да има ред знаече и дисциплина. Немам намера заради малкумина да загрозиме се што е направено и се што треба да се направи во оваа држава и да го оставиме народот на популисти кои ќе продадат се и растурат се за фотељи“, додаде Ковачевски.