Партиската трибина заврши со многу поради за Европска унија, но и песна. Покрај пејачите, премиерот остана на сцената, а ги повика и неговите соработници. На повикот не се оѕваа сите. Па на сцената завршија само дел од министрите и пратеници.
Претходно во својот говор премиерот неколку пати повикуваше да се поздрават пратеници и министри кои си своите одлуки придонеле за како што рече тој почеток на преговори со Европската унија.
„Станете вие кои гласавте за Француски предлог, па после што сакаат нека кажуваат на прес конференции и нека број кој станал, кој сум го повикал“, беше ироничен премиерот алудирајќи на претходните негови настапи кога лично ги прозиваше министерката за одбрана и министерот за транспорт и врски.