Свет

Ева Кајли останува во притвор уште еден месец

Ева Кајли останува во притвор уште еден месец

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Кајли останува во притвор. Судот во Брисел, пред кој таа се појави денеска, го одби нејзиното барање да биде ослободена и следена со електронска нараквица. Оттаму и го продолжиле притворот за 1 месец, прецизираат од обвинителството. Сепак, нејзините адвокати можат да се жалат на одлуката.

Кајли беше обвинета за учество во корупциска шема во корист на Катар. Вкупната сума запленета во текот на истрагата изнесува 1,5 милиони евра, а дел од парите се најдени кај неа и кај нејзиниот татко.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни