Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов денеска пред седиштето на СДСМ истакна дека реконструкција на Влада ќе поддржат доколку се почитува амандман 6 од Уставот
„Ставот на ДС, и мојот став како претседател на партија е јасен. Влада, реконструкција на Влада ќе поддржиме доколку се почитува амандман 6 од Уставот. Тоа е соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции. Доколку се отстапува тоа начело, тогаш нема да поддржиме реконструкција на Владата“, изјави Трајанов.