Македонија

Џамбаски му се закани на Пендаровски со атентат?!

Џамбаски му се закани на Пендаровски со атентат?!

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во изјава за бугарската Нова ја коментираше изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата европратеникот да биде прогласен за персона нон грата.

Во изјавата тој индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на убиството на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

„Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот, српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа“, истакна Џамбаски.

Инаку, вреди да се спомене дека некогашниот крал Александар Караѓорѓевиќ бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни