Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Над половина милион луѓе во Париз протестираат против најавените пензиски реформи

Над половина милион луѓе во Париз протестираат против најавените пензиски реформи

Франциуските синдикати денеска објавија дека најмалку половина милион луѓе протестираат во Париз поради пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон.

Реформата предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите за денеска закажаа протести низ целата земја и очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на улиците.

– Реформата е брутална и неправедна, изјави претседателот на Синдикатот на државните службеници УНСА, Лик Фаре, додавајќи дека пензиската реформа претставува „чекор наназад во социјална смисла“.

Според анкетите, мнозинството француски граѓани се против пензиските реформи предложени од Владата на Макрон, но засега ниту една страна не покажува намера да отстапи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни