Во Саудиска Арабија затворениците се егзекутираат без претходно предупредување на нивните семејства. Ова го изјавиле нивните роднини за Би-Би-Си.
Бројот на егзекуции во Саудиска Арабија е речиси двојно зголемен од 2015 година, според новиот извештај за човекови права. Тоа е, исто така, годината кога кралот Салман и неговиот син Мохамед бин Салман ја преземаат земјата.
Семејството на Мустафа ал Хајат не било известено дека тој ќе биде убиен.
Сепак, неговите роднини сè уште немаат тело за погребување. Немаат ни гроб за посета. Последно што слушнале од него бил телефонски повик од затвор во кој и рекол на мајка си „Морам да одам. Мило ми е што си добро“.
Ниту еден член од неговото семејство не се посомневал дека ова ќе биде последен пат да разговараат со него.
Еден месец подоцна, Мустафа е мртов. Тој беше еден од оние 81 маж убиен на 12 март 2022 година, во најголемата масовна егзекуција во модерната историја на Саудиска Арабија.
Името на Мустафа се наоѓа на долгата листа составена од организацијата Reprieve, која заедно со Европската саудиска организација за човекови права детално ги документира саудиските егзекуции.
Врз основа на податоците собрани од 2010 година, студијата покажа:
– Бројот на егзекуции во Саудиска Арабија е речиси двојно зголемен откако кралот Салман ја презеде власта во 2015 година и го назначи својот син Мохамед бин Салман на клучни позиции
– Смртната казна редовно се користи за сузбивање на неистомислениците и демонстрантите. Ова е спротивно на меѓународното право за човекови права, кое вели дека треба да се користи само за најтешките злосторства
– Од 2015 година, најмалку 11 лица кои првично беа приведени како малолетници се егзекутирани, и покрај постојаните тврдења на Саудиска Арабија дека ја ограничува употребата на смртната казна против малолетници
– Мачењето е својствено за саудиските затвори, дури и за децата
Reprieve документираше 147 егзекуции во Саудиска Арабија во изминатата година, но вели дека можеби имало повеќе. Во извештајот, исто така, се вели дека земјата користи смртна казна против странски државјани, вклучувајќи жени и зависници од дрога.
Речиси една година подоцна, властите не му кажале на семејството на Мустафа како тој и другите биле егзекутирани. Неговиот постар брат Јасер вели дека тоа е трагедија за семејствата.
„Не знаеме дали ги погребале пристојно или ги фрлиле во пустина или во морето. Немаме поим“, вели Јасер.
Јасер за прв пат проговори во јавноста. Тој моментално живее во Германија, каде што доби политички азил по бегството од Саудиска Арабија во 2016 година, плашејќи се од истата судбина што го снајде неговиот брат.