Македонија

Демерџиев и Меџидиев пристигнаа во Скопје – ќе ги чекаат сонародниците за да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Демерџиев и Меџидиев пристигнаа во Скопје – ќе ги чекаат сонародниците за да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Без преседан се мерките за безбедност во Скопје денеска кога се одбележува 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционерот Гоце Делчев.

Целиот периметар е опколен од полицајци, силно обезбедуван, а на небото кружи и хеликоптер.

Околу гробот на Гоце Делчев не смеат луѓе, а до него не можат да стигнат ниту медиумите, ниту слободните граѓани. Поставени се бројни метални огради.

„Ја решивме мистеријата дали има бугарска делегација во Скопје. Да, има еден. Вчера вечерав со мојот колега од Северна Македонија кој знаеше дека доаѓам. Ме пречека и се однесуваше со нас соодветно. Јасна програма за прославите не е претставена, но очекувањата се дека се ќе помине во најдобар ред. Сакаме да ги почекаме нашите сонародници кои ќе пристигнат од Бугарија и заедно да принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев“, коментира за bTV министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој ја предводи бугарската делегација.

Со него е и министерот за здравство Асен Меџидиев.

„На крајот на денот ќе дознаеме дали има бугарски државјани кои не биле пуштени на граница. Досега никој не контактирал со мене“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни