Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
Македонија

Демерџиев: Македонската страна одби заедно да положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Демерџиев: Македонската страна одби заедно да положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Во Скопје денеска кога се одбележува 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

Целиот простор околу црквата Свети Спас е опколен од полицајци, силно обезбедуван, а на небото кружи и хеликоптер.

Околу гробот на Гоце Делчев не смеат луѓе, а до него не можат да стигнат ниту медиумите, ниту слободните граѓани.

Поставени се бројни метални огради.

Во Македонија пристигнаа и бугарските министри за внатрешни Иван Демерџиев и за здравство, Асен Меџидиев.

Демерџиев откри дека

„Силно се надевам дека властите во Македонија одбиле да положат цвеќе заедно со бугарската делегација.

„Следниот пат заедно ќе принесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Јас предложив тоа да се случи и денеска, но не беше прифатено од македонска страна. Верувам дека следната година нема да биде така“, рече Демерџиев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни