Македонија

Наутро студено, преку ден променливо облачно со сончеви периоди – температурите до 4 степени

Наутро студено, преку ден променливо облачно со сончеви периоди – температурите до 4 степени

Утрото ќе биде многу студено, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови ( локално над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со минимални температури и под -10 степени. До среда на места и дневните температури ќе бидат под нула, а потоа ќе имаат тенденција на постепен благ пораст

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни