Македонија

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -8 степени

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -8 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -8 степени.

По него следува и -6 степени во Крива Паланка, Маврови Анови, Крушево, -5 во Берово, Битола, Штип, Претор, -4 во Прилеп, Струмица, -2 во Тетово, Охрид, Виница, 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, 4 степени во Куманово, Дојран, и 5 степени во Гевгелија.  

Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 36 см додека пак во Маврови Анови е 16 см..

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни