Македонија

Сончево и топло – температурите до 20 степени

Сончево и топло – температурите до 20 степени

Сончево и топло со мала, a во југозападните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни