Револтот на здравствените работници кулминира поради неисплатените плати.
Имено, доколку до понеделник до 15 часот нема пари на сметките на вработените во Клиничките центри и болници, во среда докторите, сестрите, болничарите и останатиот медицински кадар ќе излезат на протест, јавува Сител телевизија.
Од таму велат дека протестот ќе се одржи без разлика и ако во вторник им се пушти плата.
„Ние како што рековме, ќе почитуваме како што вети директорката на Фондот и до понеделник до крајот на работното време ќе чекаме да биде исплатена платата. Доколку платата не биде исплатена, ние во вторник ќе го свикаме ИО и Советот на Синдикатот и најверојатно во среда ќе договориме протест, независно дали во вторник ќе префрлат плата протестот во среда ќе се одржи“, изјави за Сител д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во Клиничките центри.