Македонија

Убијците избегале со црно „Ауди“, а потоа го полиле со бензин и го запалиле – на местото останала само лажната таблица

Убијците избегале со црно „Ауди“, а потоа го полиле со бензин и го запалиле – на местото останала само лажната таблица

Убијците кои вечерва пукаа и убија две лица во кафулето „Шиша бар“ од местото избегале со црно „ауди а6“.

Според информациите, тие побегнале кон скопската обиколница, каде го полиле со бензин и го запалиле возилото.

Дека е запалено возило, пријавено е и во скопската Противпожарна бригада, кои го изгаснале огнот, а на местото, била затекната само регистарска таблица, која, неофицијално, е лажна.

Медиумите пишуваат дека убиените се Јетон Кривањева и Енес Исени кои се поврзуваат со криминалната група Дуќанџик.

Кривањева беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година.

Од МВР засега потврдија само дека има двајца убиени и еден ранет во пукањето, други детали не соопштуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни