Балкан

3,8 степени според Рихтеровата скала повторно ја потресоа Романија

3,8 степени според Рихтеровата скала повторно ја потресоа Романија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Романија. Ова стана јасно од податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Потресот е регистриран во 06:51 часот утринава и бил на длабочина од 112 километри. Неговиот епицентар е на 53 километри од градот Брашов.

Во вторникот два земјотреси од 3 и 3,2 степени според Рихтеровата скала беа регистрирани во Романија , а во понеделник земјата беше потресена со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот во понеделникот беше почувствуван и во Бугарија.

По разорните земјотреси во Турција на 6 февруари, неколку потреси беа почувствувани и во Романија. Најсилниот беше 5,8 степени според Рихтеровата скала на 14 февруари, што се почувствува и во Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни