Македонија

Реновирани два оддела на Клиниката за токсикологија

Реновирани два оддела на Клиниката за токсикологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик- министерката за здравство Маја Манолева денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9,5 милиони денари.

Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и мониторинг на сите витални параметри на сите хоспитализирани пациенти, како и комплетно реновирање на сите тоалети на овој кат. Оваа инвестиција значи унапредување на условите за третман и успешно лекување на пациентите.

-Во претстојниот период е предвидено да се реновира и приземниот амбулантски простор, со што ќе се заокружи реновирањето на комплетниот амбулантско-стационарен дел на клиниката, а предвидена е и нова токсиколошка лабораторија, што ќе значи третман на акутните интоксикации по најсовремените светски протоколи, се вели во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни