Свет

ВИДЕО: САД ја лансираа првата 3Д печатена ракета

ВИДЕО: САД ја лансираа првата 3Д печатена ракета

Првата 3Д печатена ракета беше лансирана од Кејп Канаверал во Флорида.

Ракетата е создадена од американска стартап компанија, а нејзиното лансирање беше одложено двапати.

Не успеа да стигне до орбитата на Земјата, но обидот се смета за успешен.

Целта на мисијата е да докаже дека таква ракета е способна да ги издржи суровите услови на вселенски лет, објави БНТ .

85 проценти од ракетата се метални легури со 3Д печатење.

Собраните податоци покажуваат дека се можни летови со 3Д печатени ракети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни