Свет

На Малта запленет кокаин вреден 2,7 милиони евра

Властите на во Малта во еден контејнер откриеле и заплениле 27 килограми кокаин.

Запленетата дрога на Малта пристигнала од Јужна Америка, а крајната дестинација била Албанија.

Вредноста на кокаинот, кој бил спакуван во 20 пакети, е поценета на 2,7 милиони евра.

– Акцијата е реализирана во соработка со Царинската управа, полицијата и локалните власти. Одличната соработка е пресуден фактор кој пристаништето го прави едно од најсигурните во регионот, стои во соопштението на Царинската управа на Малта.

The post На Малта запленет кокаин вреден 2,7 милиони евра appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни