Балкан

Нови дојави за бомби во Белград, родителите да не ги носат децата во училиштата

Нови дојави за бомби во Белград, родителите да не ги носат децата во училиштата

Утринава неколку училишта на територијата на општина Раковица повторно добија пријави за бомби на нивните електронски адреси и соодветно на тоа веднаш ги известија родителите дека не треба да ги носат децата утрово на училиште додека полицијата не излезе на терен и утврди дека сè е безбедно.

Меѓу тие училишта е и основното училиште Бранко Ќопиќ во Видиковац. Се е веднаш пријавено во полиција и се чека преглед на К.Д.

Тоа не е единственото училиште, закани добија уште неколку во општина Раковица.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни