Балкан

Денеска погреб на младата докторка Азра (25) од Босна: Со „Мерцедес“ без возачка дозвола и пијан бил возачот

Денеска погреб на младата докторка Азра (25) од Босна: Со „Мерцедес“ без возачка дозвола и пијан бил возачот

На градските гробишта денеска во 17 часот ќе биде погребана младата лекарка од Сараево, Азра Спахиќ, по потекло од Бихаќ.

Младата Азра Спахиќ почина во петокот на 26 мај годинава на 25-годишна возраст

Потсетуваме , таа загина во сообраќајна несреќа кога возачот на Мерцедес Армин Берберовиќ ја удри со автомобил.

Во оваа несреќа две лица се повредени.

Армин Берберовиќ пијан управувал автомобил мерцедес без возачка дозвола.

Тој е уапсен и предаден на Обвинителството на КС, а се чека на решение за притвор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни