Балкан

Србин убиен во Колумбија: Имал три прострелни рани во главата

Србин убиен во Колумбија: Имал три прострелни рани во главата

Четириесетгодишниот српски државјанин Слободан Марјановиќ е убиен во неделата во градот Санта Марта, Колумбија.

Колумбиските медиуми пишуваат дека телото на Марјановиќ било пронајдено покрај автопатот , а првите резултати од истрагата покажуваат дека тој бил убиен со повеќе истрели и дека неговото тело потоа било исфрлено од автомобилот.

Се претпоставува дека Марјановиќ пред неколку дена пристигнал во Санта Марта како турист, бидејќи врз основа на пронајдената нараквица е утврдено дека бил гостин во хотелот „Ел Родадеру“ , тврди медиумот Ел Информадор.

Марјановиќ имал најмалку три рани од куршуми на главата , пренесува Нова.рс.

„Се проверува дали бил убиен во автомобилот од кој бил фрлен, со оглед на тоа што мештаните пријавиле во полиција дека слушнале истрели , а потоа телото го пронашле покрај автопатот. Еден правец на истрагата е дека убиениот Марјановиќ бил пресретнат од неколку мажи за да го ограбат и дека поради тоа е убиен. Втората насока на истрагата оди во насока дека ги познавал лицата кои го убиле и оти отишол на средба со нив“, потврди извори за колумбиските медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни