Меѓународните мировни сили на Косово соопштија дека 25 војници од мултинационалниот контингент се повредени во понеделникот, за време на операцијата за задржување на српските демонстранти во општина Звечан, на северот на Косово, каде што денеска се очекуваат српски протести.
На северот на Косово утрото е мирно. Војници беа распоредени околу тамошните општински згради, пред кои вчера се протестираа, но и пред општинската зграда во Северна Митровица. Зголемен е и бројот на членовите на КФОР на патиштата до сите четири места во општините со српско мнозинство на северот на Косово. Зградите на сите четири општини се уште се окупирани од припадници на војската и полицијата на Косово.
За денеска повторно се најавени протести на Србите во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Демонстрантите бараат повлекување на специјалците од северот на Косово, но и новоизбраните албански градоначалници да не доаѓаат на работа во српските општини. Да потсетиме, албанските градоначалници беа избрани во април, а српското население ги бојкотираше изборите.