Балкан

Објавена нова снимка од апсењето на убиецот Коста од Србија: Ова е моментот кога полицајците ги ставаат лисиците

Објавена нова снимка од апсењето на убиецот Коста од Србија: Ова е моментот кога полицајците ги ставаат лисиците

Се појави видео од другата страна на зградата на основното училиште „Владислав Рибникар“, а еве што се случувало таму.

На социјалната мрежа ТикТок  се појави ново видео од апсењето на Коста Кечмановиќ (13) во училишниот двор.

На видеото кое со денови се споделува на споменатата социјална мрежа се гледаат Коста Кечмановиќ и двајца полицајци.

Во тој момент полицајците му ја повлекуваат маската преку глава, а на еден дел од видеото се гледа како го спуштаат на земја.

@idktbh12090♬ original sound – someone

Видеото е направено од поинаков агол во однос на оној што се појави на мрежите првиот ден, а кој го снимија ученици од училишниот коридор.

Да потсетиме, Коста Кецмановиќ уби осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“, и рани неколку од нив. Подоцна, од повредите во болница почина уште едно девојче, па бројот на жртвите на Кечмановиќ се искачи на вкупно десет. Момчето е на затворено невро-психијатриско одделение.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни