Во сабота ќе се наврши точно еден месец од големата трагедија која згасна дури десет животи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Ова, како и трагедијата што се случи само неколку дена потоа, може слободно да се каже дека ја кренаа на нозе цела Србија. Психолозите и социолозите, од друга страна, забележуваат суштински промени во општеството.
Секнаа цвеќињата пред ОУ „Владислав Рибникар“, но не и споменот на учениците и чуварот кои ги загубија животите на 3 мај. Денес, речиси еден месец откако Србија почна колективно да жали, местото на злосторството се уште е обележано со пораки, играчки и запалени свеќи по кои граѓаните немо минуваат.