На друштвените мрежи се споделуваат повторно фотографии од Албанија како најевтина туристичка дестинација и за ова лето.
На споделената фотографија пишува дека едно кафе на плажа чини само неверојатни 40 денари.
Притоа се наведува дека морето е на 20 метри од вас, а на 5 метри се детските играчки.
Цените во маркетите се поевтини од кај нас, а одличен апартман може да најдете и за под 50 евра.
Албанија излегува на Јадранско и Јонско море и опфатена е со сонце повеќе од 300 дена годишно.
Со просечна температура во лето од 25 степени, извонредна природа и најубави плажи во Европа, топло ги дочекува гостите од Македонија.