Еден месец од вториот масакр кој се случи неполни 48 часа откако првиот беше во училиште во срцето на Белград. Екипата на 4NEWS.mk беше единствениот медиум од Македонија кој известуваше од местата на големите трагедии.
Рано утрото пристигнавме во селото Дубона, каде ноќта беа затрелани млади лица кои на паркот каде има и споменик правеле скара и славеле новороденче. Еве што ни изјави еден од жителите чиј внук беше повреден во престрелката.
Подоцна отидовме и до селото, каде трагите од крв беа нем сведок за тоа што се случувало во селото. Таму беше убиен млад полицаец и неговата сестра. Помина еден месец, а до денеска нема информации кои биле мотивите за убиствата.
На секој час во Дубона биеа камбандите во чест на прерано згаснатите млади животи
Уште еден сведок пред камерата на 4NEWS.mk сведочеше за масакрот
Денеска во Дубона и на местото каде се убиени полицаецот и неговата сестра кај училиштето во центарот на селото, како и кај споменикот на влезот од селото дојдоа пријатели, роднини на загинатите деца да оддадат почит.