На анкета група од 1.021 учесничка (52 отсто биле жени) и биле покажани дводимензионални фотографии од гради и побарале да ја оценат нивната привлечност
Така, истражувачите од Универзитетот во Њујорк открија дека градите со умерена големина со поголем волумен во горната половина заработиле најголем рејтинг во споредба со другите гради.
Имено, за да соберат податоци, учесниците погледнале слики од 25 женски гради. Жените на фотографиите, со просечна возраст од 47 години, имале естетска или реконструктивна операција на градите во периодот од 2009 до 2019 година.
На анкетната група од 1.021 учесничка (52 отсто биле жени) и биле прикажани дводимензионални фотографии од гради и побарале да ја оценат нивната привлечност.
„При испитувањето на голема и разновидна популација, беше откриено дека градите со умерена големина со пополна горна половина имаат повисоки резултати за привлечност“, напишаа истражувачите.
Полнотата на горниот дел се однесува на волуменот на дојката над брадавиците. Повеќето гради добија 2,5 од 5, но првите пет пара имаа просек од 3,1.
Потесно беше и растојанието помеѓу брадавиците, градите беа поставени поблиску една до друга, а растојанието од брадавицата до наборот под градите беше пократко. Исто така, првите две слики рангирани врз основа на привлечноста не беа симетрични гради.
Истражувачите забележале и дека употребата на фотографии можеби ја попречувала способноста на учесниците правилно да оценуваат одредени аспекти на градите, пишува The Sun.