Во Црна Гора денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори.
Навидум мирната предизборна кампања стана турбулентна на самиот крај, а во центарот на конфликтот беа премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ и лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС) Милојко Спајиќ.
Покрај тоа, ова се клучни избори за Демократската партија на социјалистите (ДПС), која првпат настапува без Мило Ѓукановиќ.
Да се биде или не за ДПС, за ПЕС шанса да постигне резултат 3:0 по победата на локалните и претседателските избори.
Центарот за истражување и мониторинг (ЦЕМИ) соопшти дека до 9:00 часот биле дадени 5,8 отсто од гласовите. За споредба, на парламентарните избори во 2020 година во истиот период гласале 14,7 отсто од гласачите.